Создаваме простор за дијалог

Како клучен елемент за воспоставување на систематски пристап кон јавен дијалог за прашања поврзани со интегритетот и антикорупцијата во приватниот сектор, беше формирана Советодавна група. Во нејзе се вклучени над 20 членови од најрелевантните институции, бизнис комори и организации, граѓански организации итн.

Ова меѓусекторско тело дискутира за подобрување на политиките за заштита од корупцијата.   Активно се пренесуваат пораките од бинисите кои биле дел од обуките за бизнис интегритет и заштита од корупцијата.

Така придонесуваме компаниите да бидат активно вклучени во дијалогот и во давањето предлози за подобрување на состојбите.

Повеќе за  обуките, види линк