За прв пат кај нас бизнисите имаат единствена можност да посетуваат специјализирана обука која ќе им помогне да ја препознаат и да се справат со корупцијата. Стекнете се со знаење како да можат да воспоставите програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи. Експерти од HUMBOLDT-VIADRINA Governance Platform – Германија работеа со нашите обучувачи кои се врвни професионалци од областа на усогласеност со прописи од компании кај нас.
Придобивки од учество:
*Знаење за тоа како да дефинирате и препознаете корупција и како таа влијае на компанијата; кои се вообичаените ризик фактори и како можат да се воспостават соодветни мерки за спречување корупција.
*Обука во вредност од 154 евра по учесник, за којашто трошоците ќе бидат целосно покриени од проектот.
*Најдобри светски ресурси и материјали на темата кои ќе можете практично да ги искористите.
*Можност за понатамошна експертска поддршка и менторство во вашата работа за воспоставување на политики и практики за бизнис интегритет и справување со корупцијата.
*Пристап до интерактивната поддршка од оваа платформа.
*Сертификат за учество.
Развој на детална програма за усогласеност и интегритет како и нејзина доследна примена е важно за секоја компанија, а тоа се повеќе е неминовна обврска за развојот на бизнисот. Обуките се една убава можност да се започне со тој процес, бидејќи нуди методологија којашто вклучува насоки чекор по чекор и алатки со кои бизнисите можат полесно да имплементираат политиките и практиките за интегритет и справување со корупцијата. Обуките се доверлив простор за размена и взаемно учење меѓу бизнисите каде отворено се комуницираат предизвиците и можните решенија.
По завршувањето на обуката, компаниите добиваат пристап до посебен дел на оваа платформа (ЛИНК) каде ќе можат директно да превземат ресурси, да постават прашања, да добијат експертски совет и поддршка (на пример при изготвување политики за интегритет, одредување на ризици од корупција, обуки за вработените итн). Покрај тоа, платформата нуди можност да споделите ваши искуства и да дискутирате за теми кои би биле полезни за другите компании.
Сите заинтересирани компании може да не исконтактираат на 02/ 3224 198 и konekt@konekt.org.mk
Линк до пријавата за учество: http://bezkorupcija.mk/forma-za-prijava/