Корупцијата во сите нејзини форми негативно влијае на сите сегменти на општеството, а особено на бизнис секторот кој е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата. За да можат компаниите ефективно да се спротистават на потенцијалните ризици и ефективно да се соочат со предизвиците поврзани со корупцијата потребно е да имаат проактивен пристап кој ќе се потпира на соодветни политики и програми за етичко однесување и усогласеност и да ги градат капцитетите на своите вработени да ја препознаваат и соодветно да се справуваат со корупцијата.
За прв пат кај нас бизнисите имаат можност да посетуваат специјализирана обука која ќе им помогне да ја препознаат и да се справат со корупцијата.
Како дел од проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ Конект подготви програма која се состои од обуки за интегритет и намалување на корпуцијата во бизнис секторот. Програмата ќе се спроведува во периодот 2019-2020 и се состои од 15 еднодневни обуки со кои е планирано да бидат опфатени 150 учесници.
Програмата за обука има за цел да ги поддржи заинтересираните компании за тие да можат да воспостават програми и практики за спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со прописи.
Обуките се наменети за претставници на големи, мали и средни претпријатија бизнис комори и јавни претпријатија кои имаат намера да преземат превентивни мерки во однос на корупцијата. Најсоодветно е учесниците да бидат лица кои се задолжени или работат на усогласеност со прописи и прашања за деловен интегритет.
Со своето учество компаниите:
- Ќе добијат бесплатна обука чија вредност изнесува 154 евра по учесник, а трошоците за истата ќе бидат целосно покриени од страна на проектот.
- Ќе стекнат знаење како да препознаат што е корупција и како таа влијае на компанијата, кои се вообичаените ризик фактори и како можат да се воспостават соодветни мерки за спречување на корупција.
- Ќе добијат низа соодветни ресурси и материјали кои ќе можат практично да ги искористат.
- Ќе добијат можност во своите напори за воспоставуавње на политики и практики за справување со корупцијата да бидат поддржувани и после обуката од страна на експерти во рамките на проектот.
Програмата за обука ќе ја спроведуваат обучувачи – професионалци од областа на усогласеност со прописи од 11 компании кои како дел од проектот беа обучени за спрoведување на овие обуки од HUMBOLDT-VIADRINA Governance Platform – Германија водечка консултантска компанија која работи во оваа област.
Во 2020 ќе се одржат 10тина обуки. Јави се во Конект на 02/3224-198 или konekt@konekt.org.mk за расположливите термини или регистрирај се за да добиваш редовна информација.
Сите заинтересирани комании може да го изразат својот интерес со доставување на пополнета пријава до konekt@konekt.org.mk.