Име на проектот: Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во јавниот и приватниот бизнис – сектор
Донатор: Европска унија
Вредност напроектот: 371.891 евра
Период на имплементација: 01.02.2018-31.01.2021год.
Целни групи и корисници:
- Граѓански организации (50)
- Јавни претпријатија (120)
- Претставници на приватни бизниси (150)
- Стопански комори и мрежи
- Владини претставници
- Граѓани
Лидер на проектот: Центар за граѓански комуникации
Партнери на проектот: Здружение Конект
Здружение на даночни советници
Контакт:
ул. Кочо Рацин бр. 26-1/2, 1000 Скопје
Тел.: +389 2 3213 513
www.ccc.org.mk
center@ccc.org.mk
Државните претпријатија и приватните фирми во земјава никогаш не биле вклучени системски во активности за борба против корупцијата. Ова резултира со ниска транспарентност и отчетност на државните претпријатија, злоупотреба на јавните добра за лична корист, користење на државните претпријатија за вработување на партиски кадри, зголемено задолжување кај државните претпријатија и намален потенцијал за развој на приватниот бизнис-сектор.
Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.
Наши очекувања
- Идентификувани генератори на корупцијата, ранливите области и активности подложни на корупција во државните претпријатија;
- Креирана алатка за оценка на ризиците од корупција во државните претпријатија;
- Препораки за законски измени и одредници за добри практики за зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните претпријатија;
- Зајакнат капацитет на 150 претставници на приватни бизниси за спречување и борба против корупцијата;
- Воспоставен механизам за поддршка, како и алатки за усогласеност и спречување на корупцијата за приватниот бизнис -сектор;
- Воспоставено јадро од граѓански организации за застапување кои користат истражување и мониторинг за да ги зајакнат своите активности за намалување на корупцијата во бизнис-секторот и
- Воспоставена платформа за јавно приватен дијалог во борба против коруцијата.
Наша цел:
Намалување на корупцијата во бизнис секторот преку колективна акција на сите релевантни актери во земјата од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество.
Активности
Идентификување на генератори на корупција во претпријата во државна сопственост:
– Рангирање на 30 најголеми државни претпријатија во однос на транспарентноста и отчетноста ( 2018 и 2020);
-Истражување на политизацијата на државните претпријатија (2019);
-Анализа на финансиските перформанси на 30 најголеми државни претпријатија (2019 и 2020 ).
–Доделување на грантови на НВО за оценка на праксата на уште најмалку 20 локални јавни претпријатија .
Креирање на алатки/показатели за оценка на ризиците од корупција во државните претпријатија:
– Утврдување на предлог показатели за оценка на ризиците од корупција од страна на државни претпријатија;
– Консултации на заинтересираните страни за предлог показателите;
-Доставување на алатката до сите државни претпријатија и обука за нејзина примена.
Препораки за законски измени за зајакнување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на јавните претпријатија:
– Подготовка на предлог препораки и показатели за подобрување на состојбите врз основа на наодите од истражувањата;
– Јавни дебати за предлог препораките;
-Објавување на бриф за јавни политики со препораки;
– Застапување за намалување на корупцијата во бизнис -секторот.
Зајакнат капацитет на 150 претставници на приватни бизниси за спречување и борба против корупцијата;
– Обука на обучувачи;
– Обуки за претставници на бизниси и бизнис организации.
Воспоставен механизам за поддршка и алатки за спречување на корупција за приватниот бизнис сектор;
– Креирање на алатки за поддршка за бизнис секторот;
– Алатка за оценка на ризиците од корупција за компаниите;
– Онлајн поддршка.
Воспоставено јадро од граѓански организации вклучени во намалување на корупцијата во бизнис секторот:
– Преземање на добри меѓународни практики;
– Работилници за градење на капацитетот на најмалку 40 НВО за вклучување во борбата против корупција во бизнис секторот;
– Финансиска поддршка, обука и менторство на 6 НВО за идентификување и намалување на корупцијата во државните претпријатија.
Инициран јавен-приватен дијалог за меѓу секторски пристапи за спречување и борба против корупцијата:
– Воспоставување на платформа за јавно приватен дијалог;
– Воспоставување на советодавна група составена од повеќе заинтересирани страни;
– Состаноци за директни консултации и дијалог;
– Годишни конференции за усогласеност и интегритет.