Услови за користење

Услови за користење

Ве молиме пред користењето на веб-страницата, внимателно да ги прочитате Условите за користење затоа што со пристапот или користењето на кој било нејзин дел, содржини и услуги, вие сте согласни со овие услови и обврзани сте да ги почитувате.

Конект ја креираше оваа платформа за бизнис интегритет со цел да претставува место каде ќе се здружат компаниите и професионалците кои веруваат дека бизнисот треба да се води без корупција. Оваа платформа е креирана во рамки на проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ финансиран од Европската Унија.

Општи услови

  • Конект го задржува правото да додава, менува или брише содржини како и да ги менува или дополнува овие услови без претходна најава.
  • Содржината на оваа веб-страница подлежи на авторски права. Сите материјали се наменети само за Ваша лична информација. Нивната употреба надвор од оваа смисла – објавување, умножување, секоја форма на комерцијална употреба, како и реемитување на трети лица во целосна, делумна или преработена форма – е забранета, односно се користат исклучиво со одобрение на носителите на авторските права.
  • Страницата содржи заштитни знаци логоа и визуелни елементи и истите не може да се преземаат и да се користат од страна на корисниците.

Преземање на содржини

  • Во случај на потреба да споделувате содржини, објавувате текстови од веб страницата или се повикувате на одредена содржина од страницата, задолжително треба да го наведете изворот односно  доколку споделувањето е во електронска форма потребно е да обезбедите линк од оваа веб страница (една опција е на крајот од преземениот текст да се објави: „Целиот текст прочитајте го тука“, каде зборот „тука“ ќе биде хиперлинкуван и ќе води до линкот на објавениот материјал на Безкорупција.мк, од каде што е преземен текстот.)
  • Во случај на преземање на содржини од референтните материјали објавени на bezkorupcija.мк следете ги упатствата дадени во публикациите и користете соодветно референцирање.

Заштита на податоци

  • Корисниците на страницата имаат можност да се регистрираат за обуките кои ги нудиме а со тоа имаат можност и за пристап во интерактивната поддршка за која е потребно да отворат профил. Во овој дел користат дополнителни содржини што ги нуди страницата, како: материјали од обуката и дополнителни ресурсни материјали, форум за вмрежување со други компании и споделување искуства, дискусии и изнаоѓање на решенија, поставување прашања и слично.
  • Конект води евиденција и се грижи внимателно да ги провери податоците со цел пристапот да биде даден само на оние корисници кои веќе биле учесници на нашите обуки.
  • При отворањето профил, веб страницата бара корисниците да внесат свои податоци како: име и презиме, контакт телефон и компанија. Конект ја почитува приватноста на своите посетители и нивните податоци нема да бидат достапни на трети лица. Податоците се користат за евиденција на корисниците на проектот и неговата поддршка како и за отчетност на донаторот. Се чуваат на сервер до кој пристап има платен кадар на Конект и се потребни исклучиво за ваш пристап до овој затворен дел како и последователно информирање за дополнително можности за градење на капацитетите, експертска поддршка, и сл.
  • Платформата нуди можност корисниците да одлучат дали информациите што ги внесуваат (како примери од пракса што служат за учење) сакаат да ги споделат со останатите корисници на платформата. Податоците споделени од другите корисници ви служат исклучиво за лично информирање и не треба да се споделуваат на трети лица.

 

Одрекување од одговорност

  • Оваа веб страница е креирана сo поддршка Од Европската Унија во рамки на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис-сектор“ и содржината на оваа веб страница е единствена одговорност на Здружението Конект и авторите на содржините и на никој начин не може да се смета дека ги претставува ставовите на Европската Унија.
  • Безкорупција.мк содржи линкови од веб-страници на трети лица кои се одржуваат од трети лица. Конект изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни одржувани од трети лица. Крајниот корисник ги посетува овие веб сајтови на своја сопствена одговорност.

 

Конект го задржува правото коментарите и придонесите на корисниците што се со несоодветна или недолична содржина да ги избрише, да не одобри објавување или по согласност со корисникот да ги објави во ревидирана форма.