Интегритетот важен за сите сектори

Одржана првата конференција „Интегритет и антикорупција во бизнис секторот“

Преку заедничка работа на сите чинители во општеството, создавањето на култура на интегритет, деловната етика, примена на високи стандарди и превентивни механизми, може да се влијае на сузбивањето на корупцијата.

На конференцијата за интегритет и антикорупција во бизнис секторот ги презентиравме тековните состојби и поттикнавме дијалог преку меѓу-секторски пристап во превенцијата и справувањето со корпуцијата во бизнис секторот. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фирми во земјава досега не беа вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Затоа, даваме можност и ги мотивиравме различните чинители да работат заедно во справувањето со корупцијата со посебна важност на бизнис секторот и неговата заштита од корупција. Учесници на конференцијата беа високи претставници од релевантни институции, стопански комори, компании и граѓански организации кои работат во областа на анти-корупција, раководни лица од јавни претпријатија и меѓународни експерти.

Првата конференција „Интегритет и антикорупција во бизнис секторот“, организирана како дел од проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис-сектор“ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Конект се одржа на 29-ти мај 2019година во Холидеј Ин во Скопје.