Интегритет на бизнисот

Платформа за онлајн поддршка

Некои сметаат дека корупцијата стана неодминлив и прифатлив трошок за водење бизнис. Ова не е и не смее да биде така. Bezkorupcija.mk е место каде се собираме компании и професионалци коишто веруваме дека бизнисот треба да се развива без корупција. Тука, посветено и заеднички создаваме решенија со коишто им помагаме на нашите бизниси да станат отпорни на ризиците и да ја отстрануваат корупцијата.

Активностите се дел од проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ финансиран од Европската Унија.

Повеќе

Најави

сите најави

Интегритетот важен за сите сектори

Преку заедничка работа на сите чинители во општеството, создавањето на култура на интегритет, деловната етика, примена на високи стандарди и превентивни механизми, може да се влијае на сузбивањето на корупцијата.  

Повеќе

Придружете се на обуките за интегритет и заштита од корупцијата во бизнис секторот

За прв пат кај нас бизнисите имаат единствена можност да посетуваат специјализирана обука која ќе им помогне да ја препознаат и да се справат со корупцијата.

Повеќе

Создаваме простор за дијалог

Како клучен елемент за воспоставување на систематски пристап кон јавен дијалог за прашања поврзани со интегритетот и антикорупцијата во приватниот сектор, беше формирана Советодавна група.

Повеќе

Отворен повик за учество на обуки за интегритет и намалување на корупцијата во бизнис секторот

Корупцијата во сите нејзини форми негативно влијае на сите сегменти на општеството, а особено на бизнис секторот кој е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата.

Повеќе